По разводот кој минатата година го шокирал светот, актерот Крис Прат бил фатен на состанок, и тоа со ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин.
Актерот од "Jurassic Park" уживал во парк со десет години помлада девојка, а двајцата не ја тргнале насмевката од лицето. Кетрин е авторка на детски книги, а медиумите и претходно пишувале за убавината на 28-годишната девојка која Шварценегер ја добил во бракот со Марија Шривер, инаку припадничка на семејството Кенеди.
Десет години постариот Прат бил осум години во брак со Ана Фарис, со која го има и синот Џек. Детето моментално е на одмор со својата мајка и нејзиното ново момче во италијанскиот град Портофино.
Крис неодамна кажал дека "разводот е сра*е".
"Разводот е сра*е, но на крајот од денот имаме прекрасно дете кое има родители кои многу го сакаат. Се обидуваме да најдеме начин успешно да пловиме со ова, но и да останеме пријатели и да бидеме љубезни еден со друг", рекол тој.
"Ситуацијата изгледа подраматично од тоа што е, Крис и јас имаме добар однос, а Џек е среќен и сакан", рекла Ана после тоа.