На организаторите на фестивалот им се заканува до 10 години затвор, овие фотографии откриваат зошто

Точка

19/06/2018

12:34

9.640

Големина на фонт

а а а

Основачот на сега веќе озлогласениот музички фестивал Fyre, Били Мекфарланд, во март се изјаснил како виновен за измама на инвеститорите, а сега му се закануваат и нови обвиненија за водење на илегални компании за продажба на влезници.

26-годишниот Мекфарланд признал дека ги измамил продавачите на билети како и 80 инвеститори кои вложиле пари во компанијата Fyre Media која тој ја основал за организација на музичкиот фестивал на Бахамите. Од сето ова, Били Мекфарланд извлекол 26 милиони долари, а поради тоа му се закануваат осум до десет години затвор, со казна од 300 илјади долари. 

Но, иако бил пуштен на слобода со кауција, тој на 12-ти јуни повторно бил уапсен бидејќи се открило дека од 2017 година дополнително илегално продавал билети преку компанијата NYC VIP Access. Доколку биде осуден за тоа, Мекфарланд би можел да помине уште две години во затвор, пишува "Bloomberg".

Тој на посетителите на фестивалот Fyre им ветил ВИП искуство на Бахамите, а фестивалот бил промовиран од страна на големи светски ѕвезди како Бела Хадид, Емили Ратајковски и Алесандра Амбросио. Инстаграм ѕвездите и разните светски влијателни личности платиле и до 12 илјади долари за билет за овој настан, но кога пристигнале таму тие ги дочекале хорор сцени.

Имено, на Fyre немало доволно храна ниту питка вода, ги дочекале незаинтересиран тим од вработени, евтини шатори, ланч пакети со лоша храна и мноштво кучиња скитници кои правеле неред во камповите на фестивалот кој требало да биде "новата Коачела", а некои од нив поради тоа биле приморани да спијат на аеродром.



Спонзорирани линкови

Маркетинг