Демонстрантите пред Собрание бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Макфакс

19/06/2018

11:40

2.647

Големина на фонт

а а а

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името.

„Не може Заев да ја продава Македонија, не во наше име, оставка од владата под итно. Ако мислат дека со еден договор ќе не избришат, се лажат. Македонија е нашето име, идентитет и достоинство, долу влада“, велат демонстрантите.


Од толпата се слуша скандирање како: „Македонија, Македонија“, „Бесилка за Заев“, и „Проклети да се предавниците“.

Учесниците на вчерашниот протест, најавија дека денеска со почетокот на седницата, ќе започнат со протест во мирна атмосфера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг