Јужна Кореја и САД се договориле да ги одложат заедничките воени вежби планирани за август, изјавил американски службеник откако претседателот Доналд Трамп на самитот со лидерот на Северна Кореја, на Ким Јонг Ун му ветил дека ќе завршат "воените игри".
Неименуваниот американски службеник, кој сакал да остане анонимен, рекол дека вежбите се суспендирани во склад со најавата на Трамп и дека официјалното соопштение се очекува во наредните денови.
Минатата година во вежбите учествувале 17.500 американски и 50.000 јужнокорејски војници, иако маневрите биле фокусирани во главно на компјутерски симулации, а не на реална употреба на оружје, тенкови или авиони.
Дека вежбите ќе бидат сопрени потврдило и јужнокорејското министерство за одбрана, пренела агенцијата "Jonhap".