Кејн со критики до судиите: Не добивме неколку пенали, но правдата е задоволена

Точка

19/06/2018

09:08

1.139

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Англија синоќа со победа над Тунис од 2:1 го отвори Светското првенство во Русија.

Стрелец на двата погодоци за „Гордиот Албион“ беше напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн кој што вториот гол вреден победа и три бода го постигна во судиското продолжение.

Сепак, според Кејн, судиите на натпреварот требало да досудат пенал неколку пати, алудирајќи на контроверзните ситуации кога тој два пати со боречки зафат беше соборен во шеснаесетникот на Тунис.

„Мислам дека требаше да добиеме неколку пенали, посебно затоа што судијата додели таков пенал на Тунис. Тие не држеа и правеа опструкции во играта, па со голот во финишот на мечот беше задоволена правдата“, изјави Кејн и додаде:

„Горд сум на моите соиграчи, беше многу тешко. Одигравме одлично во првиот дел и требаше да постигнеме повеќе голови. Сепак, ова е Светско првенство и секој фудбалер се жртвува до последната секунда“, изјави Кејн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг