Нов удар за Москва: Американците и Турците заеднички патролираат на северот на Сирија

Точка

19/06/2018

09:48

3.753

Големина на фонт

а а а

Започнаа заедничките американско-турско воени патроли на северот на Сирија, во моментите кога Русија очајнички се обидува да се приближи до официјална Анкара и со тоа да ја оддалечи оваа земја членка на НАТО од Вашингтон.

Турската армија денес потврди дека на просторот на северна Сирија започнале заедничките патроли на турските и американските војници и тоа долж просторот кој што го контролира турската војска до градот Манбиџ.

Истовремено, се огласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој што објави дека курдските сили започнале да ги напуштаат своите позиции во градот Манбиџ кој што е населен со мнозинско курдско население.

Да потсетиме, овој потег со заедничките патроли на САД и Турција е резултат на големиот договор постигнат помеѓу Вашингтон и Анкара, иако Русија се обидуваше да се наметне на северот на Сирија.


Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу за турските медиуми порача дека турската армија ќе влезе во Манбиџ „чекор по чекор“, но сепак не појасни што точно би значело тоа.

Може да се претпостави дека турската армија ќе остане на своите позиции се додека Американците не организираат заминување на Курдите од регионот. Сепак, одредени извори истакнуваат дека турската армија веќе започнала да навлегува во Манбиџ, а еден од изворите кои што го пренесоа ова е израелскиот весник “Jerusalem Post”.


Турците жестоко негодуваа на соработката на Соединетите Американски Држави со курдските “YPG” сили кои што официјална Анкара ги смета за огранок на Работничката партија на Курдистан која што пак се смета за терористичка организација.

Сепак, и покрај острата реторика, Турција повторно избра да застане „рамо до рамо“ со најмоќниот играч во регионот – САД, и притоа да извлече корист од тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг