Мигранти тргнале кон Хрватска: На босанската полиција ѝ побегнале 50 луѓе!

Точка

18/06/2018

15:54

2.162

Големина на фонт

а а а

Како што пишува хрватскиот портал "24 Sata", хрватските полицајци го затвориле мостот на преминот, а таму ги сопираат сите кои сакаат илегално да ја преминат границата. По нив треба да дојдат специјалци од Бихаќ.

По убиството на 24-годишен мигрант во Велика Кладуша, мигрантската криза во БиХ доживува нов заплет. Мигрантите, имено, денес организирано тргнале од насока на Дрмаљево кон граничниот премин Велика Кладуша - Малјевац, за да се обидат насилно да ја минат хрватската граница, јавува Радио Велика Кладуша. 

Како што пренесуваат хрватските медиуми, босанската полиција успеала да сопре поголема група на мигранти кои се обиделе да дојдат до Хрватска, но им побегнале 50-тина луѓе. Како што пишува порталот "24 Sata", хрватските полицајци го затвориле мостот на преминот, а таму ги сопираат сите кои сакаат илегално да ја преминат границата. По нив треба да дојдат специјалци од Бихаќ.

Иако мигрантите уште не стигнале до преминот, граничниот премин е затворен, а патниците поради безбедност се пренасочуваат на граничните премини Изачиќ и Хаџин Поток. На граничниот премин во Велика Кладуша, распоредени се и полициски сили кои го обезбедуваат самото место.

Информацијата за затворање на граничниот премин е потврдена и на Фејсбук страната на Граничниот премин Малјевац.

"Засилените специјални полициски сили од Карловац и од Бихаќ се од двете страни на границата и во овој момент граничниот премин Малјевац е во целост блокиран поради доаѓањето на поголем број на мигранти на границата", стои во објавата.





Спонзорирани линкови

Маркетинг