Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, девет со лесни телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 17 лица со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 134 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 113 возачи од кои: 52 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 50 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, 10 возачи затоа што биле возачи-почетници и еден возач поради останати сообраќајни прекршоци. Исто така исклучени од сообраќај се и 33 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во текот на изминатиот ден издадени се 395 мандатни платни налози, додека 12 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.