Во Русија каде моментално се одржува Светското фудбалско првенство била снимена необична појава. Многумина помислиле дека станува збор за НЛО и дека на Мундијалот пристигнале вонземјани.
Една жена од западна Русија објавила снимка на која се гледа неидентификуван објект кој лета над стадионот во Нижњи Новгород, каде на 24-ти јуни ќе играат репрезентациите на Англија и Панама.
"Што е ова? Никогаш досега не сум видела нешто вакво", напишала жената под видеото.
На снимката се гледа објект кој наликува на ракета, како остава светол траг на небото. Некои тврдат дека ова е доказ дека вонземјаните го посетиле градот.
Меѓутоа, спектакуларната снимка ја објасниле руските вселенски експерти.
Имено, необичната појава на небото се поклопила со лансирањето на Сојуз-2.1.Б од космодромот во Плесетск.