Шамар на Меланија за Трамп: Претседателот на САД не се надевал на ова

Точка

18/06/2018

10:28

6.624

Големина на фонт

а а а

Американската прва дама Меланија Трамп изразила загриженост поради спорната политика за раздвојување на семејствата при илегалното влегување во САД, велејќи дека "мрази кога децата се двојат од родителите" и дека сака "успешна имиграциона реформа".

Покрај тоа, изразила и надеж дека и републиканците и демократите во Конгресот во САД конечно може да се согласат за да спроведат успешна имиграциона реформа. 

"Мора да бидеме земја која ги почитува сите закони, но и земја која владее со срце", соопштила Меланија Трамп, а соопштението го објавила нејзината портпаролка Стефани Гишам.

Нејзиниот коментар уследил по се пожестоките контроверзи поради имиграционата политика со "нулта толеранција" која ја спроведува нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, на границата меѓу САД и Мексико.

"AP" оценува дека за Меланија Трамп не е вообичаено да се меша во остри политички дебати, но забележува дека таа не ја нападнала конкретно политиката "со нулта толеранција" на администрацијата на Трамп, а која довела до пораст на бројот на децата кои на границите се одвојуваат од семејствата.

Владините статистички податоци покажуваат дека околу 2.000 деца биле одвоени од родителите во април и мај, во период од само шест недели.

Имиграционата политика на Трамп ја критикувала и поранешната прва дама Лора Буш, нарекувајќи ја "неморална".

Во минатите шест месеци биле забележани околу 2.000 случаи на раздвојување на семејствата, по што САД вовеле остри мерки против илегалното преминување на границата.

Притоа, возрасните кои американските власти и фаќаат дека илегално ја минуваат границата, а кои планираат во САД да бараат азил, се сместуваат во притвор и се соочуваат со кривично гонење, додека стотина деца се праќаат во притворски центри и се одвојуваат од родителите.

Групите за заштита на човековите права таквата политика ја критикуваат како досега невидена.

Претседателот Трамп, инаку, вели дека за ваквата политика е виновен "законот кој демократите го донеле во САД", но не е јасно на кој закон точни мисли, нагласува "BBC".

Во твит објавен во саботата, Трамп ги повикал демократите со републиканците да работат на изработка на нов закон, додека критичарите укажуваат дека одвојувањето на децата од родителите е политика која обвинителот Џеф Сешен ја најавил минатиот месец.

Истовремено, аналитичарите велат дека значајната промена претставува одлука на Министерството за правда кривично да ги гони родителите поради првото илегално минување на границата, додека децата кривично не се товарат, што значи дека не може да бидат заедно во затвор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг