Германската влада пред крах: Шефот на дипломатијата збесна – не можам повеќе да работам со оваа жена!

Точка

18/06/2018

13:02

4.832

Големина на фонт

а а а

Конфликтот околу мигрантската политика се заканува да ја разбире владеачката демохристијанска унија на “CSU” и “CDU”, а сето тоа ескалирало пред неколку дена.

Како што пренесуваат германските медиуми, министерот за внатрешни работи и претседател на баварски “CSU”, Хорст Зехофер изразил сомнеж во понатамошната соработка со канцеларката и претседателката на коалициската “CDU”, Ангела Меркел.

Истоврмеено, германската влада ги демантираше гласините дека Ангела Меркел се подготвува за свикување на вондреден самит на ЕУ на која што ќе се расправа за бегалците. Зехофер во четвртокот на интерен состанок на “CSU” на кој што присуствувале претставници на германската влада, два пати за канцеларката Ангела Меркел рекол: „Јас повеќе не можам да работам со оваа жена“.

Во последното интервју за „Билд“, тој сепак малку „ја спушти топката“ и порача дека „на никого во “CSU” не му е во интерес да ја сруши канцеларката, или да ја разбие коалицијата“. Тој порача дека во неговата партија сакаат решение за „враќање на бегалците од нивните граници“, не споменувајќи дека можен е некаков компромис.


Помеѓу сестринските партии од демохристијанската унија веќе со денови владее голем судир околу прашањето што треба да се направи со одредна поголема група на бегалци на германските граници.

Министерот за надворешни работи на Германија порачал дека сака да биде воведено правило според кое бегалците кои што се регистрирани во некоја друга земја од Европската унија, да не бидат пуштани преку германската граница.

„Ние сме согласни дека тие кои што добиле азил во некоја друга држава, не треба ниту да влезат во нашата земја“, изјави Меркел, но сепак додаде дека тоа треба да се постигне врз база на договор со земјите, како што се Италија, Бугарија или Грција.


Додека јасно е дека Меркел бара „европско решение“, од друга страна, јасно е дека нејзиниот коалициски партнер Зехофер бара одбивање на мигрантите на самата граница, независно од ЕУ. Наводно од неговата парија им поставиле ултиматум на партијата од Меркел тоа да биде воведено најдоцна до денес.

Доколку планот помине како што сака Зехофер, тоа ќе биде сериозен политички удар за канцеларката Ангела Меркел, но на канцеларката „рацете и се врзани“ затоа што ако го исклучи Зехофер од коалицијата, тогаш ќе се распадне нејзината влада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг