Мицкоски од Битола: Заев да падне за Македонија да се издигне, тоа е целта

Макфакс

17/06/2018

15:46

3.415

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на протестот во Битола и им порача на граѓаните дека на 28 годишнината од партијата за жал Македонија е зафатена од силен ураган. Според него ова што денеска се случи е срамна капитулација на државата.

Мицкоски порача дека по ниту една цена нема да го поддржи ова срамно дело и нема да поддржи промена на Устав, а исто така смета дека ќе дојде време кога ќе се одговара за оваа капитулација што ја сервираа на земјата.


„На овој ден сите бевте на тој историски состанок кога се формираше партијата, дел од целокупната македонска јавност беше со отворени очи и уши, на кој ќе се заснова нашата партија. На овој ден се основаа месните комитети на ВМРО- ДПМНЕ, независна држава и сопствена армија, валута и се што значи суверена држава. Почит за граѓаните кои тогаш помогнаа за осамостојување на државата. Македонци ги положиле своите животи за идејата за слободна Република Македонија.Можеме да избереме како ќе живееме, свесен сум дека очите на јавноста се свртени кон нас, поради сите порази кои ги смисли оваа ненародна власт. ВМРО-ДПМНЕ го водеше бајракот и се соочуваше со проблемите во тоа време, но ние верувавме во независна слободна РМ. Граѓаните ги положиле своите животи за идејата за слободна Македонија. Можеме да избереме како ќе живееме“, рече Мицкоски.


Потоа тој продолжи: 

„Доста е, не може веќе вака. Ова се сериозни историски времиња. Покрај беспарицата невработеноста лошите услови во здравството образованието се соочуваме со најголемото предавство што можеше да ни се случи. Го потпишаа договорот за промена на нашето уставно име. Додека Заев се слика јужниве слават. Не престанувајте да го употребувате името Макеоднија . Македонија е основна причина за секој наш чекор и активност. Нашите претци ги положиле своите животи за независна Македонија. Тоа било борба за човечки правдини. Без разлика на етничката припадност и без разлика на етничката припадност Македонија создава маченици и херои. ВМРО-ДМНЕ е заеднички покрив под кој сите живееме“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг