(Видео) Демонстрантите од „Одбрана на грчкиот карактер на Македонија“ се обидоа да стигнат во Псарадес

Макфакс

17/06/2018

15:23

3.839

Големина на фонт

а а а

Демонстранти во рамките на најавениот протест за „Одбрана на грчкиот карактер на Македонија“, се обидоа да го поминат полицискиот кордон и да стигнат до селото Псарадес. Во ова село денес се одржа церемонијата на потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција.

Насобраните граѓани ја нападнале полицијата со дрва и предмети, а полицијата одговорила со употреба на солзавец. Според грчките медиуми, вкупно 80 автобуси со граѓани од Солун и градови од северна Грција, утрово стигнале на протест во близина на Преспа.

Околината на селото Псарадес е под силно полициско обезбедување, а патиштата што водат до Преспа на грчка територија се целосно блокирани. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг