Кактусовата вода станува светски тренд за здравје и убавина

Точка

17/06/2018

12:03

3.648

Големина на фонт

а а а

Кога ќе се спомене растението кактус, ретки се оние коишто ќе го поврзат тој поим со нега на кожата. Тој стереотип треба да се искорени, бидејќи оваа билка е клучна во светот на убавината. Водата од кактус стана вистински хит.

Кактусовата вода потекнува од плодовите на кактусот, односно од плодовите коишто растат на зелените листови на оваа билка. Плодовите од оваа билка се цедат и се претвараат во пире. Добиената течност има сладок вкус и има неколку здравствени предности.


Таа е богата со таурин и аминокиселини и спречува создавање слободни радикали и оштетувања на мускулното ткиво.


Кактусовата вода е богата со силни антиоксиданси кои го забавуваат процесот на стареење на кожата, а истовремено и помагаат на кожата да ја задржи својата мекост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг