Како да ја препознаеме депресијата?

Точка

17/06/2018

08:28

4.048

Големина на фонт

а а а

Депресијата е болест исто како и покачениот крвен притисок или шеќерната болест. Болните, како и кај било која друга хронична болест мораат да научат како да ја препознаат и да се справуваат со неа во текот на животот. Оние коишто страдаат од депресијата не смее да имаат чувство на срам.

Поголемиот дел од луѓето во текот на животот го искусуваат тажното расположение. Стресните случки како смрт во семејството или финансиските проблеми можат да бидат повод за депресија, а понекогаш луѓето се чувствуваат депресивно без никаква јасна причина.


Секој кој страда од оваа болест треба да каже како се чувствува, така што докторот ќе  препознае за што се работи и врз основа на симптомите и тегобите ќе постави дијагноза. Со помош на лекувањето човекот може да се врати на нормалниот живот, а во спротивно, доколку не се лекува депресијата може да стане болест која ќе го загрози животот на човекот. За вистинска депресија треба да се посомневаме кога личноста константно се чувствува тажно секој ден во период од две седмици или и повеќе и кога веќе ништо не може да ја расположи. Депресивно болните се нерасположени, тажни, безволни и доста уморни.


Депресијата исто така се манифестира со рамнодушност, апатија, губење на желбата за живот, но во некои случаи и со поголема напнатост, немир и раздразливост. Може да има и пореметувања на телесен план како пореметување на сонот, намалување или зголемување на апетитот, тромост, слабост, исцрпеност, губење концентрација и заборавање. Депресивното расположение го спречува болниот да ги извршува секојдневните животни активности. Лицата заболени од депресија може да чувствуваат преголем страв или вина и можат постојано да мислат на смртта и умирањето вклучувајќи и идеи за самоубиство. 


Што не е депресија?

- Депресија не е чувство на нерасположение кое би поминало, туку таа е болест која значајно го нарушува секојдневниот живот.

- Депресијата не е знак на слабост, таа е последица на нарушена рамнотежа на хемиски супстанци во мозокот, при кое што важна улога игра: наследувањето, стресот, начинот на живот.


-  Голема е разликата помеѓу обичното нерасположение и тагата предизвикана од депресија. Кога сме разочарани од животот, кога ќе останеме без пријатели или изгубиме сакана личност, тогаш природно е бидеме тажни и загрижени. Таквите случувања ни ја гасат желбата за живеење, но набрзо потоа поголемиот дел од луѓето се враќаат во својата вообичаена состојба. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг