Блокирано пред Собрание, група граѓани протестираат за името

Макфакс

16/06/2018

16:13

2.444

Големина на фонт

а а а

И попладнево е затворена улицата кај Собранието, поради собир на помала група граѓани кои протестираат против промена на името и договорот со Грција.

По објавата на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас дека е постигнат договор за деценискиот спор со името, секојдневно се случуваат протести во земјава.

Утре, министрите за надворешни работи на двете страни ќе го потпишат договорот во Преспа од грчката страна, по што ќе следи ручек на македонска територија. Протести се најавени и за време на потпишување на договорот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг