ВМРО-ДПМНЕ: Заев со договорот освен бришење на името Македонија, го загрозува и националниот идентитет на Македонците

Макфакс

16/06/2018

14:48

1.242

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во негово учество во грчката национална телевизија накратко објаснува: Ние нема да ги ословуваме како македонци ние ќе ги ословуваме како славо македоци, ќе потсетам на пишана изјава на Јоргос Катругалос, алтернативен грчки министер за надворешни работи, одговарајќи на критиките од опозицијата вели дека во договорот не е споменат идентитетот, ниту пак националноста, туку само правната врска на граѓаните со државата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во договорот нема никакво споменување на националност, ниту пак би можело да постои. Се споменува државјанство, отворете го вашите пасоши каде што пишува државјанство. Тоа е правната врска на граѓанинот со државата, не е националноста, со тоа не може да се занимава договорот, бидејќи е прашање кое е поврзано со свеста и самоопределувањето.

Договорот за капитулација кој што го преговараше Зоран Заев не преставува никаква заштита за идентитетот. Уште една негова лага е дека се штити идентитетот на македонскиот народ. Погледнавме две изјави. Првата е на грчкиот премиер Алексис Ципрас каде кажува дека Грција нема да не признае како македонци, и втората е на Јоргос Катругалос кој e алтернативниот грчки министер за надворешни работи и кажува дека во договорот нема споменување на национаност, туку се споменува само државјнство,“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ова укажува на тоа дека Зоран Заев едно говори пред домашната јавност, а грчките политичари го соопштуваат она што Заев го премолчува во Македонија.

„Договорот на Заев за капитулација не го штити Националниот идетитет, туку напротив го загрозува. На ова се надоврзува и членот на договорот со кој се предвидува бришење на зборот Македонија од употребата и инситутционалната меморија во земјава. Ова значи дека Зоран Заев не само што не го штити името туку тргувал и со националниот идентитет и директно го загрозува со ваквиот договор. Ова е договор со кој стопроцентно се прифаќаат сите грчки барања, ниту една позиција на Македонија Заев не ја заштити во преговорите“, реагираат од партијата.

Тие повикуваат премиерот Заев, јавно и гласно да ги објасни изјавите на грчкиот премиер Ципрас и министерот Катругалос.

„ Зошто дома ја лаже јавноста дека идентитетот е сочуван, кога самиот текст на договорот тоа не го потврдува и сосема понинаку говори гркиот државен врв? Има ли грам чуство за државност Зоран Заев штом прифатил ваков антидржавен и штетен договор? Договор дивоградба за преуредување на националниот идентитет и облик на Македонија.“, пишува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг