Грчкиот премиер пред голем предизвик: Дали е навистина возможен договорот со Македонија?

Точка

16/06/2018

11:38

3.786

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се соочи денес со гласање за доверба поради договорот со Македонија кој што означува пресвртница во деценискиот спор околу името на нашата држава.

Гласање за доверба во премиерот и неговата влада побара конзервативната партија Нова демократска партија. Пратениците на оваа опозициска партија во Грција сметаат дека договорот теминот „Македонија“ да се најде во името на нашата држава со географска одредница, е против националните интереси на Грција.

Грчките националисти тврдат дека името „Македонија“ припаѓа на древната и модерната грчка покраина и не смее да го користи ниту една друга земја.


Левичарскиот премиер Ципрас контролира 154 од вкупно 300 гласови во парламентот и се очекува дека „ќе го преживее гласањето“. Неговиот партнер Каменос од партијата Независни Грци тврди дека нема да гласа против Ципрас како што беше најавено, иако не го поддржува договорот со Македонија.

Ципрас и премиерот на нашата држава, Зоран Заев во вторникот го објавија договорот после 27 години спор.


Ципрас и Заев се договорија нашата држава да се преименува во Република Северна Македонија, да биде задржана македонската националност и македонскиот јазик, а за возврат Грција треба да ја тргне блокадата од интеграцијата на земјата во НАТО и Европската унија.

Сепак, Македонија најпрвин треба да го ратификува договорот и да го потврди на референдум, по што грчката влада ќе го ратификува договорот во својот парламент и Македонија и официјално ќе стане земја членка на НАТО Алијансата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг