Повторно пороен дожд во Скопје

Макфакс

15/06/2018

15:24

3.705

Големина на фонт

а а а

Невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати главниот град. Последниве неколку денови подрачјето на Скопје постојано е под влијание на ваква временска нестабилнот, изразена особено во попладневните часови.

Од управата за хидрометеоролошки работи информираат дека и утре ќе има нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

Слично време се најавува и за почетокот на наредната седмица, за кога се очекуваат повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг