Иванов во Софија: Договорот за добрососедство отвори нови перспективи и создаде нов амбиент во односите

Макфакс

15/06/2018

15:06

2.235

Големина на фонт

а а а

Претседателот, Ѓорге Иванов, за време на официјалната посета на Бугарија го посети и Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде се сретна со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци кои живеат и работат во Бугарија.

Говорејќи за односите меѓу двете земји, претседателот Иванов оцени дека Договорот за добрососедство и соработка отвори нови перпективи и создаде нов амбиент во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и оцени дека со шестмесечното претседателство со ЕУ, Бугарија успеа да го врати фокусот на унијата кон регионот.

МАКЕДОНИЈАИванов во Софија: Договорот за добрососедство отвори нови перпективи и создаде нов амбиент во односитеОбјавено пред 1 час - 15 јуни, 2018Од Mak Fax

Претседателот, Ѓорге Иванов, за време на официјалната посета на Бугарија го посети и Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде се сретна со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци кои живеат и работат во Бугарија.

Говорејќи за односите меѓу двете земји, претседателот Иванов оцени дека Договорот за добрососедство и соработка отвори нови перпективи и создаде нов амбиент во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и оцени дека со шестмесечното претседателство со ЕУ, Бугарија успеа да го врати фокусот на унијата кон регионот.

„Бугарија, со своето претседавање со Европската унија ни помогна нам и на целиот регион, бидејќи нашиот регион, на некој начин, беше на маргините на интересот на Европската унија. Сега сме повторно вратени на европската агенда“, рече Иванов во своето овраќање.

Вчера, претседателот во Софија оствари средба со неговиот бугарски колега, Румен Радев и со претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Цвета Карајанчева. За време на официјалната посета на Софија, Иванов реализираше средба и со поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов.


Во текот на официјалната посета на Бугарија, претседателот одржа средба со нерезидентни амбасадори на странски земји акредитирани во Софија за Република Македонија.

Иванов на средбата ја истакна потребата од взаемни засилени активности во насока на унапредување на севкупната соработка со Република Македонија, особено во однос на економската соработка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг