СДСМ: Договорот за името го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет

Макфакс

15/06/2018

15:03

1.531

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да ја напушти матрицата на изолација, поделби и деструктивност и да го поддржи договорот којшто става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија надолу, велат денеска од СДСМ како реакција на соопштението на опозициската партија.

Оттаму додаваат дека договорот го гарантира и го зајакнува македонскиот идентитет кој, како што велат, никој повеќе нема да го оспорува или негира.

„Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, обезбедено еднаш засекогаш. Членството во ЕУ и НАТО е врвен државен и национален интерес и затоа, ако се води од овие интереси ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Договорот со кој се отвора европската перспектива на Македонија и да каже ДА за македонската иднина“, наведуваат од владејачката партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг