Марадона удри по Лопетеги: Тој си поигра со луѓето…

Дерби

14/06/2018

19:51

2.000

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Шпанија важеше за еден од главните фаворите за пехарот на Светското првенство во Русија, но по неочекуваните проблеми и смената на селекторот пред самиот старт на мундијалот останува отворено прашањето како ќе реагираат играчите.

Во овие денови главна тема е сега веќе екс селекторот на Шпанците, Хулен Лопетеги кој доби отказ од федерацијата, откако зад нивниот грб се договори со Реал Мадрид. По ова дојде реакцијата од федерацијата која одлучи да расчисити со Лопетеги и да го назначи Фернандо Јеро за него наследник.

Лопетеги за потегот доби доста критики, една од нив беше на Чави Ернандез, а сега тоа го направи и легендарниот Диего Марадона.

-Не може така. Господинот Лопетеги претставува земја, а потпишува договор со екипа од Шпанија. Без разлика која и да е, не се работи за тимот. Си игра со илузијата на луѓето, затоа што Шпанија беше една од репрезентациите која беше со нозете, умот, срцето на мундијалот. Сега доаѓа Фернандо Јеро, големо момче и еден од најдобрите играчи кои ги знам, ама го фрлаат во оган, да падне како и да падне. Шпанија знае што игра, ама пазете тука не е стратегот, фали стратегот-Чави Ернандез, -порача Марадона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг