Новиот лаптоп на Lenovo има 128 GB RAM и 6 TB интерна меморија

Точка

14/06/2018

14:01

3.577

Големина на фонт

а а а

Доколку никогаш немате доволно капацитет на вашиот уред за сите ваши фотографии, видеа, колекција на музика и игри, тогаш можеби овој лаптоп е вистинското решение за вас.

Lenovo потврди дека започнува продажбата на лаптопот Think PadP52 кој што располага со импресивна работна и интерна меморија.

Според најавите на еден од најголемите производители на потрошувачка електроника во светот, лаптопот ThinkPad P52 ќе располага со 6 терабајти интерна меморија, дури 128 GB RAM меморија, 4К дисплеј со големина од 15,6 инчи, Intel Hexacore процесор и Nvidia Quadro P3200 графичка карта.


ThinkPad P52 ќе има два Thunderbolt влезови, еден HDMI 2.0 влез, три USB влезови, потоа 3,5 мм влез за слушалка и секако Ethernet влез за физички пренос на податоци помеѓу компјутери.

Од Lenovo се уште немаат објавено колку ќе чини нивниот лаптоп, а во продажба ќе биде пуштен кон крајот на овој месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг