Мрачната страна на генијалецот: Ајнштајн во својот дневник пишувал шокантни работи...

Точка

14/06/2018

12:41

3.679

Големина на фонт

а а а

Приватните дневници на Алберт Ајнштајн кои што ги пишувал за време на неговата турнеја низ Азија во 20-тите години од минатиот век, привлекоа огромно внимание и според многумина, ја открија „мрачната“ страна на научникот.

Имено, дневниците откриваат дека Ајнштајн имал расистички предрасуди кон луѓето кои што ги среќавал за време на своето патување, посебно кон Кинезите.

Дневниците кои што Алберт Ајнштајн ги пишувал во периодот од октомври 1922-ра до март 1923-та година, ги откриваат мислите на научникот за патувањата, науката, филозофијата и уметноста, но и неговото ниско мислење за припадниците на кинескиот народ.


Еден од најголемите научници на сите времиња, кој што во една прилика расизмот го опиша како „болест на белите луѓе“, за Кинезите пишува: „Тоа се глупави и валкани луѓе. Тие дури не ни седат додека јадат, туку се клекнати, како да вршат нужда. Дури и нивните деца им изгледаат глупи“.

„Би било штета овие Кинези да ги заменат останатите раси, за нас останатите тоа е морничава мисла“, напишал славниот физичар.

Зев Розенкранц, уредник и заменик директор во калифорнискиот Институт за технологија, вели дека е непријатно изненаден од содржината напишана во приватните дневници на Алберт Ајнштајн.


„Ова е во спротивност со јавниот имиџ на Ајнштајн кој што важи за голема хуманитарна икона. Мислам дека тој никогаш вакво нешто не би го изјавил јавно. Мислам дека немал намера ова некогаш да биде објавено“, изјави Розенкранц.

Розенкранц инаку ја има преведено и уредено книгата „Патничките дневници на Алберт Ајнштајн“, кои што штотуку беа објаавени од страна на Универзитетот Принстон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг