Раперката сосема се соблече: Го покажа совршеното тело и го сруши Инстаграм

Точка

14/06/2018

11:31

6.840

Големина на фонт

а а а

Иги Азелеиа секако не е срамежлива девојка, тоа го покажа и со најновите објави на Инстаграм, на кои позира во чевли и чорапи, па тоа е сè од облека.

Овие фотографии само за неколку часа собрале 11,5 милиони лајкови, со што пејачката го собори новиот рекорд на социјалните мрежи. Станува збор за рекламна кампања за една од најпознатите онлајн продавници, која славните ја обожуваат. 

Совршено извајано тело и реклама без зборови, предизвикаа револуција во онлајн маркетингот.


Нејзините фотографии ги коментирале и многу познати ѕвезди, меѓу кои е и Парис Хилтон, која е воодушевена со изгледот на раперката.

Иги која сè уште игра на картата сексапил, минатата година беше под бурното око на јавноста поради очигледните пластични операции. Таа беше актуелна поради липосукцијата, силиконите во задникот и корекцијата на лицето и градите.


Иги потврди дека има направено корекција на градите, а дека се останато е производ од нејзиното напорно вежбање.

"Јас многу морам да работам на своето тело. Имам тенок струк, но поради тоа никогаш не можам да јадам тоа што навистина сакам", рекла Иги.


Во интервјуто кое го направила за "Vogue" на девојките им порача моќна порака:

"Важно е да запомнете дека не можете сè да променете. Никогаш не можете да бидете совршени", рекла таа.

Но, без оглед на нејзиниот став, со оваа фотографија докажа дека таа навистина е совршена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг