Шпанска „Марка”: Перез направил итар потег пред почетокот на Мундијалот со што им…

Дерби

14/06/2018

11:27

2.128

Големина на фонт

а а а

Од Шпанската фудбалска вчера реагираа дека легендарниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Фернандо Јеро ќе ја предводи репрезентацијата на Мундијалот во Русија.

Досегашниот селектор на Шпанците, Хулен Лопетеги заработи отказ од оваа позиција по само 24 часа откако беше обелоденето дека по крајот на Светското првенство ќе седне на клупата на Реал Мадрид.

За таа одлука, претседателот на шпанската федерација, Луис Рубиаљес заедно со раководството, без никакви размислувања потенцираа дека одлуката е конечна и е донесена без никакви размислувања пред самиот старт на големото натпреварување во Русија.

Но, шпанска ,,Марка” излезе со тврдења дека половина шпанска репрезентација која доаѓа од редовите на Реал Мадрид, предводени од Рамос, воопшто не биле изненадени, ако се знае фактот дека Флорентино Перез, претседателот на кралскиот клуб направил итар потег и реагирал веднаш по потпишувањето со Лопетеги информирајќи ги фудбалерите кој им е новиот тренер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг