Средба на Јужна и Северна Кореја за намалување на тензиите

Макфакс

14/06/2018

10:15

1.094

Големина на фонт

а а а

Претставниците на војската на Јужна и Северна Кореја започнаа разговори на високо ниво. Ова се први разговори од овој тип по повеќе од 10 години, за начинот како да се олесни минувањето на границите. Состанокот започна во градот Панмунџом, на страната на Северна Кореја.

Јужнокорејската петчлена делегација е предводена од мајорот генерал Ким До Џун, додека јужнокорејската делегација ја преводи генерал поручник Ан Ик Сан, јави агенцијата „Јонхап“.

Во очи состанокот, Ким До Џун им рече на новинарите дека некои од темите ќе бидат намалувањето на воените тензии помеѓу двете Кореи и договарање на состанокот на министрите за одбрана, но и обновата на прекуграничната воена линија за комуникација.

Овие разговори требаа да се одржат во мај, но Северна Кореја ги откажа во знак на протест, поради одржувањето на воени вежби помеѓу САД и Јужна Кореја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг