Легендарниот глумец под истрага за сексуално вознемирување, една жена тврди дека е негова жртва

Точка

14/06/2018

09:49

2.349

Големина на фонт

а а а

Познатиот холивудски глумец Силвестер Сталоне е под истрага откако една жена во ноември минатата година го обвини дека сексуално ја вознемирувал во деведесттите години.

Американските обвинители отвориле истрага за да утврдат дали актерот, легендарниот Силвестер Сталоне треба да биде кривично гонет поради сексуално насилство. 


Тоа обвинение доаѓа во момент кога феминистичкото движење "MeToo" е сè погласно и жените од Холивуд храбро говорат за своите искуства.

Адвокатот на глумецот во декември рече дека Сталоне ги негира овие обвиненија, но призна дека бил во врска со таа жена во 1987 година за време на снимањето на еден филм во Израел.


Адвокатот додаде дека Сталоне кој во јули полни 72 години, планира да ја тужи таа жена, чие име сè уште не е соопштено, поради давање на лажни изјави за нивната врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг