Прво засилување за Реал: Лопетеги на „Сантијаго Бернабеу“ го доведува шпанскиот репрезентативец

Точка

14/06/2018

11:07

2.424

Големина на фонт

а а а

Хулен Лопетеги е избран за тренер на Реал Мадрид, а набрзо откако беше назначен за нов тренер на „Кралевите“ тој заработи отказ и нема да ја предводи репрезентацијата на Шпанија на Мундијалот во Русија.

Со оглед на тоа што сега е слободен целосно да се посвети на Реал Мадрид, Лопетеги веќе започнал со плановите околу засилувањата.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, прв на листата на Лопетеги бил 22-годишниот фудбалер на Реал Сосиедад, Алваро Одриозола со кој што Лопетеги имал одлични односи. Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и порано биле заинтересирани за овој фудбалер, а клучниот потег можно е да биде направен наскоро.

Се проценува дека трансферот на Одриозола мадридскиот клуб ќе го чини околу 30 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг