Антарктикот се топи многу побрзо него што мислевме: Веќе исчезнале 3 билиони тони мраз, а оваа снимка од кршење на мраз е посебно загрижувачка

Точка

13/06/2018

21:18

7.405

Големина на фонт

а а а

Топењето на Антарктикот алармантно забрзува, при што околу три билиони тони мраз исчезнале од 1992. година, предупредува меѓународниот тим од експерти за мраз во најновото истражување.

Во последните 25 години, најјужниот леден дел од овој континент - што е клучен показател за климатските промени - се стопил до толку што добиената вода може да го покрие цел Тексас до ниво од четири метри, утврдиле научниците. Поради сета таа вода, светските океани пораснале за околу 7,6 милиметри. 

Според денес објавените резултати на истражувањето во списанието "Nature", од 1992. до 2011. година, Антарктикот изгубил околу 84 милијарди тони мраз годишно, додека од 2012. до 2017. година брзината на топење пораснала на повеќе од 241 милијарди тони годишно.

"Мислам дека треба да се загрижиме. Тоа не значи дека би требало да бидеме очајни. Овие работи се случуваат. Се случуваат побрзо од тоа што мислевме", рекла Изабела Великоња од Калифорнискиот универзитет Ирвин, еден од 88-те коавтори на истражувањето.

Иан Жогин од Вашингтонскиот универзитет укажува дека дел од западниот Антарктик, каде мразот најмногу се стопил, "е во состојба на колапс".

Ова истражување е втора по ред проценка, а тимот од научници кои работат во НАСА и во Европската вселенска агенција на неколку години спроведуваат такви истражувања.

Нивната мисија е да понудат најсеопфатен поглед на тоа што се случува во чувствителните светски подрачја под мразот на Антарктикот и Гренланд.

За разлика од истражувањата во кои се користи мерење само со една метода, овој тим го истражува исчезнувањето на мразот на 24 различни начини, со користење на 10 до 15 сателити, како и копнени и воздушни мерни методи и компјутерски симулации, вели главниот автор на истражувањето, Ендру Шеперд од Универзитетот Лидс во Англија.


Според неговите зборови, постои можност Антарктикот сам да го крене нивото на морето за 16 сантиметри до крајот на векот. Покрај тоа, нивото на морињата расте поради топењето на глечерите насекаде.

За ваквата состојба на работите, објаснува Шепард, виновни се климатските промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг