Ким Кардашијан во еден ден промени повеќе "аутифити" и ја покажа футуристичката колекција на својот сопруг

Точка

13/06/2018

20:54

8.196

Големина на фонт

а а а

Беше само прашање на време кога Ким Кардашијан ќе му се придружи на холивудскиот тренд за преоблекување. Во последно време помеѓу славните дами е популарно да променат неколку "аутфити" во еден ден, а рекордерка во тоа е Блејк Лајвли, која во еден ден се преоблекла 7 пати.

Но, иако Ким промени помалку стајлинзи од Блејк, дополнителен бонус ѝ осигура новата боја на коса. Нејзиниот фризер Крис Еплтон на својот Инстаграм профил откри дека станува збор за црна боја на коса со сив одсјај. 


Старлетата првенствено беше видена во впечатлива црвена комбинација со тесна маица и бициклистички во комбинација со металик сиви хеланки и чизми во иста боја. Деталите кои никако не можеме да ги одбегнеме се и сината футрола за телефон, која ја носела околу вратот, како и нејзините футуристички очила за сонце.


Ким потоа се преслече во уште едно интересно издание, а овој пат носеше флуоресцентно портокалова спортска маица и панталони во иста боја, додека на нозете носела чизми во друга нијанса. Очилата за сонце не ги промени, а после две "луди" изданија, следуваше еднобоен син стајлинг.


Ким го искомбинирала краткиот горен дел "топче" со хеланки и антилоп чизми над колена и во оваа сина комбинација нејзината коса најмногу се истакна. Овој пат ги промени и очилата за сонце, иако и двата модели кои ги носела имале рефлектирачки стакла.


Потоа ѝ се придружи и нејзината полусестра Кајли Џенер, со која носеа слични комбинации. Односно маслинесто зелени "аутфити" со големи очила за сонце. И двете ги истакнаа бујните облини во припиените маици и хеланки и преку телото ги ставиле чантите кои се носат за околу половина. А сè што носела Ким како и стајлингот на Кајли е дел од новата колекција Yeezy зад која стои нејзиниот сопруг, Каније Вест кој повторно ја претвори во подвижна реклама.

Таа се појави со уште два слични стајлинзи во металик боја, каде едниот го надополнила со кратка вентијага. Дел од овие стајлинзи делуваат малку бизарно, но Ким покажа како се носи оваа футуристичка облека.




Спонзорирани линкови

Маркетинг