Со необична чанта, глумицата докажа дека сака да прави модни експерименти

Точка

13/06/2018

19:00

1.744

Големина на фонт

а а а

Славната глумица апсолутно нè воодушеви со своето последно модно издание. Од шминка, накит и модни аксесоари, па сè до фустанот, не можеме да се одлучиме кој дел од стајлингот ни е најдобар.

Иако станува збор за парчиња кои ретко кој би се осудил да ги носи, а уште и да ги состави во еден стајлниг, сепак мора да признаеме дека нејзината необична чанта најмногу ни се допаѓа. 


Лупита Нијанго се појави на доделувањето на наградите ACE во Њујорк во жолт фустан од Каролина Херера, високи потпетици со шарени кристали и син појас околу половината кој дополнително го "зачини" со чанта во облик на ананас. Станува збор за чанта од дизајнерката Џудит Либер која чини 4.995 долари.


Лупита очигледно внимавала на сите детали, па така ништо не можеше да помине незабележано, па дури и нејзините сини нокти, како и шминката со која го засени целокупниот "аутфит". Се на сè, глумицата покажа дека не се плаши да експериментира со модата која очигледно ја "има во малиот прст", бидејќи ретко кој би составил вака детален и беспрекорен изглед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг