Вредноста на Биткоинот е на седумесечниот минимум, а само во последните неколку часа паднала за 400 долари и сега е под 6.500 долари.
Падот уследил по хакерскиот напад кој го претрпела јужнокорејската менувачница на криптовалути "Коинрејл", што резултирало со масовна продажба.
Освен тоа, на падот му претходело и новото истражување кое сугерира дека вредноста на биткоинот е вештачки "напумпана" во 2017. година.
Најниската вредноста на биткоинот оваа година уследила откако највредната светска криптовалута полека доживеала пад откако кон крајот на минатата година достигнала вредност од дури 20.000 долари.
Bitcoin is extending its decline https://t.co/WP06EAommR pic.twitter.com/uQHhjvELEo
— Bloomberg Crypto (@crypto) June 13, 2018
Остриот пад на вредноста на Биткоинот влијаел и на тоа сите 10 највредни криптовалути на пазарот во последните 24 часа да доживеат пад во вредноста меѓу 7 и 13 проценти.
Меѓу оние кои минале најлошо е Етереум, чија вредноста паднала под 500 долари, што е негова најниска вредност од април.
Од "Коинрејл" потврдиле дека поради хакерскиот напад дошло до пад на цената на криптовалутите.
Bitcoin edged lower as questions mount about whether its price was manipulated during last year’s record surge https://t.co/3Cd8A98aY8 pic.twitter.com/E3WshK65pH
— Bloomberg Crypto (@crypto) June 13, 2018
Меѓутоа, се очекува тие наскоро сепак да се опорават.
"Хакерските напади на менувачниците не се нова работа и цените на криптовалутите ќе се опорават, како што беше и порано", рекол Дејвид Сапер.
Во вторникот, криптовалутите на кратко доживеале мало опоравување, но истражувањето објавено во средата од Универзитетот во Тексас предизвикало дополнителен пад. Според тоа истражување, вредноста на Биткоинот е зголемена поради манипулации на пазарот.