Вардар претстави две нови засилувања: Талески и Јуфо станаа „црвено-црни“

Дерби

13/06/2018

19:31

2.307

Големина на фонт

а а а

По ангажманот на Филип Најдовски и Дарко Мицевски македонскиот вицешампион Вардар денеска промовираше уште две нови имиња.

Станува збор за бразилскиот интернационалец Виктор Нилдо Јуфо кој во „црвено-црниот“ табор доаѓа од Фљамуртари и за младиот Алекс Талески кој доаѓа од Австралија.

Јуфо и е добро познат на македонската јавност со оглед на тоа што од 2015 до 2017 година беше дел од Шкендија, додека пак Талески е играч кој има македонско потекло и допрва ќе треба да ги покажа неговите квалитети. Бразилецот потпиша двегодишен договор исто како и Талески со тоа што овој вториот во договорот има опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг