Вознемирувачко видео - Прифатил селфи, добил куршум: Мексикански политичар брутално ликвидиран после ТВ дебата!

Точка

13/06/2018

18:17

3.690

Големина на фонт

а а а

Мексиканскиот политичар бил убиен додека позирал за селфи со еден од своите приврзаници.

По предизборното соочување пред изборите, на 43-годишниот Фернандо Пурон, познат по борбата против организираниот криминал, убиецот му пришол од зад грб и од непосредна близина го застрелал во глава. Умрел на пат кон болницата, а по напаѓачот се уште се трага во градот Пеидрас Неграс. 

Пурон бил поранешен градоначалник на мексиканскиот град Пиедрас Неграс, познат по својата борба против картелот Лос Зетас. Поради политичкото делување, добивал бројни смртни закани.

Уште во 2016. година, на гробиштата се појавила порака: "Пурон, за две години ќе ти ја скинеме главата".

Од септември 2017. година, кога во Мексико почнал изборниот процес, убиени биле 112 политичари кои се кандидирале за претстојните избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг