Германија во шок по новото убиство на тинејџерка: 15-годишно девојче брутално избодено додека возело велосипед, осомничен мигрант!

Точка

13/06/2018

17:18

2.257

Големина на фонт

а а а

Во германскиот град Фирцен во Северна Рајна и Вестфалија била убиена тинејџерка со нож, а со истрагата е утврдено дека дека станува збор за 15-годишната Јулијана Р., со потекло од Романија, за која не се знае дали имала германски пасош.

Тоа е втор случај на убиство на тинејџерка во краток период, со оглед на тоа дека пред неколку дена сурово била убиена и девојка во Визбаден. 

Девојчето попладнето во понеделникот било во парк на велосипед, кога било забодена неколку пат со нож.

Еден бездомник го слушнал нејзиното врискање и побрзал да и помогне, меѓутоа, таа починала во болница.

Како што се наведува, девојчето учело во Фирцен, каде живеела во куќа со своите родители.

Осомничениот за нејзиното убиство, како што се дознава неофицијално, е момче од Турција, кое вечерта само се пријавило во полициската станица.

Засега се истражува во каков однос бил со жртвата, а сведоците го опишале како темен, со сеерноафрикански изглед, и црна коса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг