Мицкоски го доби договорот, со Заев немале што да си кажат

Макфакс

13/06/2018

16:03

3.290

Големина на фонт

а а а

„Средбата траеше кратко, немавме што да си кажеме“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по неколкуминутните разговори со премиерот Зоран Заев во Владата.

Тој рече дека средбата била куса, бидејќи темата била исцрпена за овие дена и тој немал што повеќе да додаде од она што го изнесе на прес-конференции деновиве.

„Ова е договор за капитулација, тој ни беше предаден на ВМРО-ДПМНЕ, утре ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран. Ние допрва ќе го анализираме, а и јавноста ќе може да го види. Договорот прво ќе го разгледаме внатрепартиски, ќе го анализираме во сите партиски тела. Ќе се консултираме и со верските заедници, МАНУ, ќе повикаме на консултација и други општествени групи, така што би сакале еден поирок дијапазон на милења да собереме во наредниот период“, изјави Мицкоски по средбата.

Во врска со средбата со Иванов тој информираше дека размениле мислења околу договорот. Од Иванов бил информиран дека тој денеска ќе има обраќање до јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг