Полициски Ferrari 458 Spider: Јасна порака до мафијата во Италија!

Точка

13/06/2018

16:41

3.752

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Милано заплени Ferrari 458 Spider кој потоа го модификуваше и го претвори во полициски автомобил.

Тие кои што ќе возат во Италија, поточно во Милано, веројатно нема да бидат сопрени од полицискиот Ferrari 458 Spider, кој што некогаш бил во сопственост на мафијата.

Иако градската полиција на Милано го модификуваше овој автомобил и од „цивилен“ го претвори во полициски, сепак Ferrari 458 Spider нема да биде користен за „бркање“ на несовесни возачи и криминалци, туку неговата намена е сосема спротивна.

Имено, модифицираниот Ferrari 458 Spider ќе биде искористен за едукација на децата во врска со „неисплатливоста на криминалот“.


Италијанските власти го конфискувале моќниот Ferrari 458 Spider во рамките на полициска акција против мафијата, по што автомобилот завршил во рацете на миланската локална полиција.

Од миланската полиција соопштија дека не планираат да го задржат овој автомобил засекогаш. Од таму порачаа дека кога ќе заврши програмата за едукација на младите, автомобилот ќе замине на аукција и ќе биде продаден, а парите ќе ги добијат жртвите на мафијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг