Балканот го очекува вистински пекол: Рекордно високи температури, ќе снемува и вода...

Точка

13/06/2018

15:59

7.268

Големина на фонт

а а а

Советот за регионална соработка објави студија за климатските промени на подрачјето на Западен Балкан, а според извештајот, до крајот на овој век температурите на овие простори би можеле да пораснат до пет Целзиусови степени.

Температурите на овие простори до крајот на векот би можеле да пораснат за 5 Целзиусови степени, предупредија научниците во Студијата за климатските промени на Западен Балкан, наведувајќи дека суптропската клима ќе се прошири на север, додека на крајбрежните подрачја ќе биде премногу жешко и сушно во текот на летото.

Студијата ја објави Советот за регионална соработка, а во неа е наведено дека до средината на векот, просечната температура би можела да скокне за 1,2 Целзиусови степени. Секако, сето тоа зависи од глобалните настојувања да се намали емисијата на штетни гасови кои што се испуштаат во атмосферата.


Податоците за климатските промени во регионот на Западен Балкан сугерираат дека суптропската клима ќе напредува кон север, а на крајбрежните места летата ќе бидат сушни и жешки, а голема е веројатноста и летата кон крајот на векот да бидат продолжени.

Нималку оптимистичната студија открива дека најголемо влијание климатските промени ќе имаат врз земјоделието и шумарството, затоа што топлото време би можело да го намали квалитетот на храната, да предизвика ерозија на тлото и да го зголеми ризикот од пропаѓањето на шумите.


Климатските промени и жештините би можеле да ја намалат количината на вода за пиење, а исто така и да го загрозат здравјето на луѓето поради честите топлотни удари и продорот на новите заразни болести.

Подобрата соработка на земјите од Западен Балкан би можела да го намали економскиот товар, а студијата предупредува дека сите земји кои што сакаат да бидат членки на Европската унија мора да го почитуваат Парискиот договор за климата. Според студијата, 21% од компаниите во регионот нее прават ништо за да го намалат штетното влијание на околината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг