Глумицата мора да ги почитува условите на Бред Пит, бидејќи може да остане без старателство

Точка

13/06/2018

15:32

4.295

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли треба да му овозможи на Бред Пит почесто гледање со своите деца, инаку би можела да остане без старателство. Според документите од Врховниот суд во Лос Анџелес, губењето на врската со таткото би можело да биде погубно за децата.

Судот смета дека децата се безбедни со глумецот и дека од голема важност е секое од 6-те деца да има здрава и силна врска со двајцата родители и дека Анџелина треба да му дозволи да се гледа со децата додека го снима второто продолжение за "Maleficent" во Велика Британија. Исклучокот од пропишаното гледање ќе биде единствено 16 годишниот Медокс, кој се смета за доволно возрасен сам да одлучи колку време ќе поминува со родителите. 


Бред со децата ќе се гледа во Лондон десет дена во средината на јуни, каде ќе може да земе едно или две деца и да помине 4 часа на ден, а од 27 јуни до 1 јули ќе добие десет часа дружба со децата, додека подоцна во јули ќе може да поминува од осум до десет часа дневно.


Анџелина мора на секое дете да му обезбеди мобилен телефон со кој ќе можат да го контактираат нивниот татко без нејзино прегледување во пораките, а кога децата ќе бидат со таткото, Анџелина може да им се јави само еднаш.


Доколку Анџелина не ги почитува овие правила, таа би можела да го изгуби старателството, па добила предупредување од судот во Лос Анџелес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг