Наставничка ја удрила директорката на основното училиште во Зелениково

Макфакс

13/06/2018

15:22

569

Големина на фонт

а а а

Наставничка вработена во основно училиште во скопското село Зелениково ја удрила директорката во училиштето.

Полицијата информира дека на инцидентот што се случил вчера претпладне во училиштето „Мaрко Цепенков“ му претходела расправија меѓу двете колешки.

Додека се расправале во ходникот пред канцеларијата на директорката, наставничката ја удрила директорката, а случајот веднаш бил пријавен во полиција. Полицијата го расчистува насилството по што ќе биде поднесена пријава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг