Фабрегас се огласи после отказот на Лопетеги...

Точка

13/06/2018

17:01

2.405

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот сојуз на Шпанија, денес ја шокираше јавноста со одлуката да му врачи отказ на Хулен Лопетеги на само еден ден пред почетокот на Светското првенство.

Од Реал Мадрид синоќа потврдија дека Лопетеги е наследникот на Зидан на тренерската позиција во клубот, а прифаќањето на повикот од Реал Мадрид, во шпанскиот Сојуз го сфатиле како предавство, затоа што Лопетеги никого не известил дека планира да ја прифати понудата на Реал Мадрид.

Меѓу првите кои што се огласија после отказот на Лопетеги е фудбалерот на Челси, Сеск Фабрегас кој што не беше повикан од Лопетеги за настап на Светското првенство во Русија.

Фабрегас на својот профил на Твитер одлучи да се пошегува, па напиша: „Чекајте, можеби ќе добијам повик сега“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг