Каде исчезнаа милијардите? Овие големи богатства од Втората светска војна никогаш не се пронајдени

Точка

13/06/2018

15:12

3.816

Големина на фонт

а а а

Накит, злато, скапоцени камења и уметнички дела вредни милијарди долари се или исчезнати, или украдени во текот на Втората светска војна. Некои богатства се закопани и подоцна пронајдени, додека за другите и ден денес не се знае каде се.

Нацистичкиот воз со злато

Полските истражувачи Пјотр Копер и Андреас Рихтер пред неколку години тврдеа дека го пронашле возот полн со нацистичко злато, но и после ангажманот на 35 волонтери и копањето на местото каде што мислеле дека се наоѓаат волонтерите, се уште нема потврда дека богатството е пронајдено.


Од друга страна, алтернативна студија изработена на Универзитетот за наука и технологија на Краков утврди дека не постојат докази кои што упатуваат дека тврдењата на Копер и Рихтер се вистините, а на тоа место се наоѓа тунел.

Ќилибарската соба

Ќилибарската соба е светски позната просторија украсена со ќилибарски ѕидови со злато и многу огледала. Некогаш се наоѓала во палата во Царското село недалеку од Санкт Петербург, а изградена е во Прусија во 18-ти век. Пред целосно да исчезне во текот на Втората светска војна, ја сметале за осмо светско чудо.


Јамашита златото

Тоа е називот кој што го носи наводниот воен плен од југоисточна Азија кој што го собрале јапонските освојувачи под водство на Томојуки Јамашита. Големото богатство подоцна било криено во пештери, тунели и подземни комплекси на Филипините. Ловците на богатство ширум светот го посетуваат островот за да ја испробаат својата среќа, но се уште никој не го пронашол легендарното богатство.


Алпската тврдина

Првиот човек на „СС“, Хајнрих Химлер во 1943-та година планирал изградба на голем ланец на тунели. Тогаш работел на плановите за можен воен премин за нацистичкиот режим и планирал целото нацистичко раководство да се повлече во планините во Баварија за од таму да продолжат да даваат отпор.


Адолф Хитлер не ги поддржувал целосно плановите на неговите соработници, а од тогаш до денес постојат гласини дека Нацистите во тие тунели сокриле огромна количина на богатство.

Ава Мару

Тоа било голем јапонски крузер изграден во 1943-та година во Нагасаки. Бил дизајниран за превоз на патници, но на почетокот од војната присилно бил мобилизиран и станал дел од јапонската воена морнарица.


Стотина јапонски морнари и војници тргнале од Сингапур кон јапонската територија пред самиот крај на Втората светска војна. Според локалните гласини, во бродот биле превезувани пет милијарди долари вредни метали и скапоцени камења. Доцна навечер, на 1-ви април 1945-та година, американската подморница „Квинфиш“ лансирала торпедо и го потопила јапонскиот брод во Тајванскиот теснец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг