Тајна криена 100 милиони години: Откриено што е закопано под мразот на Антарктикот! Не е тоа што се мислело

Точка

13/06/2018

14:23

4.124

Големина на фонт

а а а

Стотина скриени потреси биле регистрирани под Антарктичкиот мраз, се наведува во новото истражување.

За тоа да го докажат, тим од научници минале еден месец летајќи околу источниот Антарктик. Нивните конечни резултати побиваат една стара геолошка хипотеза. 

Истражувачите верувале дека тежината на масивните ледени плочи на континентот се прицврстени за кората под нив, со што се спречува да се движи. Меѓутоа, новите резултати сугерираат дека источната страна на Антарктикот има толку потреси како и на другите, Физички слични делови на светот.

"Недостигот на забележани сеизмички активности не е последица од недостиг на настани, туку недостиг на инструменти кои се доволно блиску за да се регистрираат", напишала авторката Аманда Лоф.

Лоф и нејзините колеги истражувачи патувале од точка до точка ширум континентот и поставиле низа сензори кои откриле 27 мали потреси во 2009. година, во распон на јачина од 2,1 до 3,9. Овие потреси никогаш порано не биле откриени поради предизвикот за било какво истражување на празното, студено место.




Спонзорирани линкови

Маркетинг