Заев пред две години: Не постои роден човек во Македонија кој е подготвен да излезе пред Парламентот и да бара промена на устав поради промена на уставното име

Точка

13/06/2018

14:24

5.858

Големина на фонт

а а а

По вчерашната прес-конференција на премиерот Зоран Заев, јавноста беше информирана за постигнатото достоинствено решение за името - Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба, кое ќе се прецизира со амандман во Уставот.

"Нема веќе ФИРОМ, нема веќе договори во кои се избегнува македонскиот јазик. Свои сме на своето и конечно тоа е признато од сите наши соседи. Ќе се зајакне културниот идентитет, нашата придобивка е огромна, ветува стабилна и проперитетна иднина на нашите граѓани“, изјави Заев. 

Но, ставот на премиерот не е ист како оној од пред две години, кога тој гостуваше во емисијата "Став" како претседател на СДСМ:

Имено, тој пред самиот крај на емисијата изјавил дека не постои роден човек во Македонија кој е подготвен да излезе пред Парламентот и да бара промена на устав поради промена на уставното име.

Во февруари оваа година, премиерот изјавил дека Грција бара промена на уставот, но тоа нема да се случи по секоја цена. Заев нагласил дека она што е најважно е да се пронајде прифатливо решение за градење на билатерално и регионално пријателство со сите. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг