Претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз објасни зошто му врачил отказ на Лопетеги

Дерби

13/06/2018

13:54

1.937

Големина на фонт

а а а

Утрово се пишуваше дека од Фудбалската федерација на Шпанија се бесни поради потегот кој го направи селекторот Хулен Лопетеги со потпишувањето тригодишен договор со Реал Мадрид без никој од федерацијата да биде информиран за тоа.

Поради таквиот потег на селекторот на „црвената фурија“ од раководството на шпанската федерација, на чело со Луис Рубиалес се решија да му врачат отказ на само еден ден до почетокот на Светското првенство.

Причината за отказот на Лопетеги, Рубиалес детално ја образложи на прес конференција која се одржа во Красондар.

- Принудени сме да му врачиме отказ на селекторот на националниот тим. Му посакуваме успех во иднина. Преговорите течеа без наша информација, а за Реал бевме информирани на само пет минути пред официјално да биде соопштено од клубот.

- Не се чувствувам предаден. Додека беше со нас Лопетеги заврши неверојатна работа. Се уште работиме на замената. Штом има нешто ќе ве известиме. Разговарав со играчите и можам да ви гарантирам дека тие ќе сторат се, заедно со новиот селектор за да ја однесат оваа репрезентација што е можно подалеку. Да се освои шампионатот е многу важно, да се има најдобриот селектор е многу важно, но над се е однесувањето на правилен начин. Можеби ова за нас сега е тешко, но сигурно на крајот ќе излеземе посилни од оваа ситуација - коментираше Рубиалес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг