Европскиот шампион, Реал Мадрид денеска и официјално го потврди наследникот на Зинедин Зидан и тоа во името на Хулен Лопетеги. Предводникот на шпанската репрезентација воопшто не се споменуваше како кандидат за оваа функција, но „кралевите“ изненадија и Лопетеги по крајот на Светското првенство ќе има нов предизвик и ќе му се посвети на европскиот фудбал.
Информацијата дека Хулен Лопетеги ќе биде нов тренер на Реал Мадрид ги изненади и шпанските медиуми, но она што беше најневообичаено е тајмингот, односно соопштувањето на информацијата на два дена пред почетокот на СП во Русија.Но, без разлика, сега сите погледи се вперени во новиот тренер на Реал Мадрид и веднаш медиумите почнаа да копаат информации за наследникот на Зидан.
Лопетеги во својата кариера бил на кормилото на Рајо Ваљекано во 2003 година за во 2008 и 2009 година го предводи вториот тим на Реал Мадрид и потоа од 2010 до 2014 ги предводи и ги освои титулите со У-19 и У-21 селекциите на Шпанија на Европските првенства во 2012 и 2013 година. Последниот клупски ангажман му беше во Порто од 2014 до 2106 година. Како ќе се снајде на клупата на Реал Мадрид останува да покаже времето, особено ако се знае дека тоа е тим на ѕвезди и секој бара да биде почитуван според заслуженото.