Во Фудбалската федерација на Шпанија бесни на Лопетеги

Дерби

13/06/2018

12:57

1.224

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Реал Мадрид вчера и официјално потврдија дека нов предводник на клубот ќе биде актуелниот селектор на репрезентацијата на Шпанија, Хулен Лопетеги.

Лопетеги ќе ги преземе „Кралевите“ веднаш по крајот на Светското првенство, а одлуката тој да биде назначен за нов шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид изненади многумина.

Според шпанскиот фудбалски експерт, Гилием Балагуе во таборот на шпанската фудбалска федерација владеел бес затоа што нивниот селектор тајно преговарал со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

- Многу луѓе во федерацијата, но и надвор од неа го обвинуваат Лопетеги. Тие поставуваат прашања кога било преговарано и зошто Лопетеги преговарал во толку важен момент за националниот тим. Ако ништо не се смени тој ќе мора да го објасни тоа на прес конференција - потенцираше Балагуе, а пренесе „Скај Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг