Изненадениот Дел Боске го искоментира потегот на Перез за ангажман на Лопетеги

Дерби

13/06/2018

12:04

1.379

Големина на фонт

а а а

Хулен Лопетеги не беше споменат во ниту една од листите кои ги составуваа шпанските медиуми за потенцијалните наследници на Зинедин Зидан во Реал Мадрид, па токму поради тоа, потврдата на „кралевите“ за негов ангажман дојде како гром од ведро небо на Пиринеите.

Оваа одлука на Реал ги изненади сите поради фактот што истата беше официјализирана на само два дена пред стартот на Светското првенство во кое Хулен Лопетеги ќе има и тоа како одговорна задача како селектор на шпанската фудбалска репрезентација, а ваквиот потег на Флорентино Перез сега наиде и на коментар од поранешниот тренер на Реал Мадрид и легендарен предводник на „фуријата“, Висенте Дел Боске.

– Убеден сум дека селекторот ќе има иста улога на ова Светско првенство како и пред да се соопшти оваа одлука, не верувам дека ваквиот негов потег ќе влијае врз неговите одговорности на мундијалот. Неговото заминување во Реал нема да има ефект врз играчите во овој момент. Мислам дека Лопетеги е подготвен да го води европскиот шампион, без разлика на тоа што ова беше крајно изненадувачки. Секогаш сум бил фан на шпанските тренери, секогаш сум сакал нашите големи клубови да се потпираат на наши луѓе. Мислам дека Лопетеги е подготвен да го води Реал Мадрид, – искрено вели Дел Боске.



Спонзорирани линкови

Маркетинг