Прво интервју на Трамп по историскиот самит: Новинар го прашал како може да му верува на бруталниот диктатор, а одговорот на американскиот претседател ги изненадил сите

Точка

12/06/2018

21:50

9.512

Големина на фонт

а а а

Неколку часа по историскиот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, американскиот претседател Доналд Трамп дал интервју за "ABC".

Новинарот Џорџ Стефанопулос жестоко го започнал разговорот и потсетил колку Трамп пред неколку месеци го напаѓал и критикувал Ким Јонг Ун. 

Потсетил дека Ким е суров диктатор кој води полициска држава во која луѓето гладуваат, а наредил и ликвидација на членови на своето семејство. Токму поради тоа, го прашал Трамп како може да верува на толку брутален диктатор.

"Да, му верувам. Можеби за една година ќе разговараме пак и јас ќе кажам дека сум погрешил. Тоа е можно. Соработуваме на високо ниво, многу работи може да се променат и многу работи се возможни", рекол Трамп.

"Џорџ, ситуацијата е таква каква што ме дочека. Сега сме во активна ситуација и можам да ви зборувам само од сопствено искуство. Го запознав Ким Јонг Ун, разговарав со него, се состанав со него. Состанокот почна рано и се е многу тензично", рекол Трамп.

Американскиот претседател додал дека навистина верува дека Ким Јонг Ун сака да и помогне на Северна Кореја и да ја заврши денуклеаризацијата.

"Мислам дека сака денуклеаризација. Без неа немаше за што да разговараме. Таа е на масата од самиот почеток, многу е важна целосната денуклеаризација на Северна Кореја", рекол тој.

Трамп го спомнал и договорот кој со Ким го потпишал во Сингапур и рекол дека верува дека севернокорејскиот лидер сака да го направи тоа што е исправно.

"Имаме рамка за подготовки за денуклеаризација. Ќе ја денуклеаризираме целата држава. Мислам дека ќе започне веднаш", рекол Трамп.

На прашањето дали разговарале за повлекување на американската војска од Јужна Кореја, Трамп одговорил: "Не разговаравме за тоа. Нема да изведуваме воени вежби. Сметам дека се многу провокативни и многу скапи".

Исто така, рекол дека не го споменале ни американскиот нуклеарен штит над Јужна Кореја.

Трамп рекол дека планира да работи на денуклеаризацијата со Јужна Кореја, Јапонија и Кина.

"Во мојот живот направив многу договори со многу луѓе, и некогаш оние на кои им верувате најмалку излегуваат најчесни, а луѓето на кои им верувате се покажуваат како нечесни", изјавил Трамп. Додал дека би сакал да го прими Ким во Белата куќа и дека ќе направи се што е потребно за тоа да се случи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг